Набил Фекир може да го напушти клубот во случај на добра понуда.
Еден од најбараните француски играчи е токму Набил Фекир кој и понатаму е член на Лион. Тој во претходните години најмногу се поврзуваше со Ливерпул за кого на крајот и не потпиша, иако во еден момент изгледаше прилично многу блиску до тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезоната и не беше баш многу добра за Фекир, постигна 12 гола во сите натпреварувања, а она што треба да се каже за овој 25-годишен фудбалер е дека може да си оди доколку пристигне добра понуда. Тоа го изјави и Жан-Мижел Аулас, претседателот на Лион.
Фекир одигра 192 натпревари за овој клуб, постигна 69 гола. Фекир не е единствениот играч кој е цел на големите клубови, тука се и Ндомбеле, Дембеле и Депај кои можат да го напуштат клубот.