Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола сака да ја продаде ѕвездата на својот тим, Танги Ндомбеле во Јувентус.
Ндомбеле игра феноменално во дресот на Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти кои сакаат да го видат во своите редови.
"Juventus are after Ndombele. But there's also PSG, Manchester United and City"
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 30, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистина е дека Јувентус го сака Ндомбеле. Интерес за него има и од ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед. Мојата желба е да го видам Ндомбеле во Јувентус да игра заедно со Пјаниќ, кој исто така беше во Лион и со кого имам специјален однос“, истакна Ола.
„Ќе видиме што ќе се случи. Не сакам да зборувам за пари. Финансиските параметри се приоритет кога зборуваме за продавање на фудбалери, но ако сите понуди се исти ќе му го продадам на Ањели“, додаде претседателот на Лион.