Барселона ќе мора драстично да ги намали расходите за плати на фудбалерите, ако сака да го задржи Лионел Меси, потврди претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Легендата на каталонскиот клуб е слободен играч откако му заврши договорот минатиот месец. Во моментов Барселона не може да го потпише новиот договор бидејќи има сериозни финансиски проблеми.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Според лимитот кој го постави Ла Лига Барселона ќе мора да ги намали платите за 180 милиони евра, а до тогаш не може да го продолжи договорот со Меси.
„Правилата се за сите и треба да се почитуваат – од Барселона до Алкоркон. Ако Барселона не се ослободи од играчите со големи плати ќе биде невозможно Меси да остане“, изјави Тебас.