Дома Трансфер зона Претседателот на Интер: Сигурен сум дека може да се договориме со Скриниар

Претседателот на Интер: Сигурен сум дека може да се договориме со Скриниар

Претседателот на Интер, Стивен Жанг проговори за преговорите кои клубот ги води со дефанзивецот Милан Скриниар.

Скриниар влезе во последната година од договорот и Интер сака да ја продолжи соработката, но проблем е што ПСЖ му нуди многу повисока плата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Скриниар е неверојатен фудбалер и тој знае дека сите во клубот сакаме да остане. Убеден сум дека можеме да се договориме за продолжување на договорот“, изјави Жанг.

„Нероаѕурите“ наскоро ќе имаат средба со агентот и ќе му презенираат нова, подобрена понуда, па останува да видиме дали таа ќе ги задоволи апетитите на дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…