Дома Фудбал Претседателот на Барселона му се заканувал на Артур да се пресели во Јувентус

Претседателот на Барселона му се заканувал на Артур да се пресели во Јувентус

Во претходните неколку недели се шпекулираше дека Миралем Пјаниќ ќе ја продолжи кариерата во Барселона, додека во спротивен правец во Јувентус ќе замине Артур Мело.

Од Јувентус порачаа дека се подготвени да го пуштат Пјаниќ, но само доколку Артур потпише за нив. Трампата наиде на проблеми бидејќи Бразилецот не сака да го напушти „Камп Ноу“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради тоа Барселона сака да го убеди Артур да се пресели во Јувентус, а тоа не им се допаѓа на навивачите, кои веруваат дека Бразилецот заслужува да остане.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека претседателот на Барселома, Бартомеу дури му се „заканувал“ на Артур со тоа што ќе се случи доколку не замине во Јувентус.

Наводно тој на Бразилецот отворено му кажал дека наредната сезона ќе добива многу мала минутажа и дека повеќето натпревари ќе ги следи од клупата или од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПОСЛЕ УЖАСНАТА ПОВРЕДА НА ЕКИТИКЕ: Ливерпул пронајде нов напаѓач!

Уго Екитике ја повреди Ахиловата тетива и нема да игра за Ливерпул до јануари 2027 година,…