Дома Фудбал Претседателот на Атлетико: Колку што јас знам Гризман ќе остане

Претседателот на Атлетико: Колку што јас знам Гризман ќе остане

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо верува дека Антоан Гризман ќе остане во клубот по завршувањето на летниот преоден рок.

Францускиот напаѓач на големо се поврзуваше со Барселона, се пишуваше и дека неговата сопруга веќе барала куќа во Каталонија, но Сересо во изјава за „Кадена Коп“  порача дека според него Гризман ќе биде играч на Атлетико и наредната сезона.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Колку што јас знам тој ќе остане во Атлетико Мадрид. Ништо не се промени, имаме договор, во одлични односи сме и тоа е тоа. Знаеме дека Светското првенство е голема работа за него и секако дека разговаравме“, изјави Сересо.

Треба да се спомене и дека претходно оваа недела, Гризман се огласи и порача дека сака да ја реши својата судбина пред почетокот на Мундијалот.

Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Тотенхем има нов тренер

Екипата на Тотeнхем го потврди ангажманот на Томас Франк кој потпиша договор до 2028 годин…