Вчера е завшрен процесот на гласање, а француските медиуми започнаа да пишуваат дека после половина од преброените гласови во водство е Лука Модриќ.
„Радио Франција“ ексклузивно објави дека Лука Модриќ, после сезоната во која со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и со Хрватска стигна до среброто на Мундијалот во Русија е во водство. Најголеми конкуренти на Модриќ според овој медиум се Французините Килијан Мбапе и Рафаел Варан кои во овој момент се на втората и третата позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добитникот на „Златната топка“ ќе биде избран од страна 200 спортски новинари ширум светот, победникот ќе биде прогласен на 3-ти декември во Париз. Главните критериумите се индивидуалниот и тимскиот настап и освоените трофеи во изминатата година.
Доколку Модриќ ја освои „Златната топка“ тоа ќе биде круна на неговата фантастична сезона во која претходно беше избиран за најдобар од страна на УЕФА и ФИФА, како и освоената награда за најдобар играч на Мундијалот во Русија.
Освен тоа, Модриќ би ја прекинал и десетгодишната доминација на Лионел Меси и Кристиано Роналдо.