Дома Останати Кошарка НБА Преседан во Бруклин: Ирвинг ќе игра без вакцина!

Преседан во Бруклин: Ирвинг ќе игра без вакцина!

Бруклин Нетс се приморани да го вратат Кајри Ирвинг во тимот.

Имено, овој НБА тим претходно го отстрани еден од своите најдобри кошаркари Кајри Ирвинг од тимот затоа што не сакаше да се вакцинира. Нетси на тој потег се одлучија затоа што во Њујорк играчите не можат ниту да играат, ниту да тренираат доколку не се вакцинирани.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, многу играчи на Нетси неодамна добија позитивни тестови па челниците на клубот се одлучија на мал преседан. Ирвинг е вратен во тимот. Сепак, поради законот во Њујорк тој ќе може да конкурира само за гостинските натпревари на својот тим.

Доколку Ирвинг и понатаму не сака да се вакцинира самиот ќе мора да обезбеди пет негативни тестови, а потоа ќе биде тестиран секој ден. Значи тој нема да може да игра на преостанатите 26 натпревари на домашен паркет, како и на две гостински против Њујорк Никси и против Торонто Рапторс затоа што во Торонто важат слични правила како и во Њујорк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

За Дончиќ заврши низата од 114 натпревари: Вакво нешто не му се случило две години!

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс во изминатата вечер претрпе пораз во натпреварот против Гол…