Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани се уште е слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.
Кавани подолго од еден месец без клуб, дури ПСЖ не ја продолжи соработката со него на кратко за да ги одигра натпреварите во Лигата на шампионите. Во овој момент Кавани се наоѓа во Уругвај каде што се спрема за новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изминатиот период во медиумите се пишуваше дека е пред трансфер во Бенфика. Се изгледаше дека оди во добра насока во преговорите кои траат веќе неколку недели, меѓутоа денес португалските медиуми пишуваат дека дошло до пресврт.
Наводно, Кавани од Бенфика бара договор на три години вреден 20 милиони евра што клубот не е во можност да му го понуди и тие се обиделе да го намалат износот на неговата плата.
Бенфика на неговите претставници им порачала дека се откажува од преговорите поради преголемите барања на Уругваецот.