Марек Хамшик сепак не оди во Кина!
Легендата на Наполи после 12 години требаше да го напушти Неапол и да се пресели во Кина. Работата беше завршена, дури и фудбалерот во медиумите го потврди трансферот со изјавата дека во Кина оди поради страст, а не поради пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, се случи пресврт во последен момент.
Вечерва Наполи објави соопштение во кое се наведува дека трансферот на Хамшик во Далијан нема да се реализира. Како причина за пропадната зделка клубот од „Сан Паоло“ го наведува не постигнувањето договор за начинот на кој требаше да се исплати сумата од 20 милиони евра.
Платата која Хамшик го чекаше во Кина изнесуваше девет милиони евра по сезона .
„Хамшик покажа беспрекорен професионализам во Наполи, имајќи извонреден однос со сите тренери со кои работеше, никогаш не предаде никого, дури и во најтешките моменти. Покажа зрелост и скромност во сите овие години, па кога дојде и најискрено замоли да му биде дозволено да замине во Кина, не можев да го одбијам“, гласеше изјавата на претседателот Аурелио Де Лаурентис.
На крајот се пропдна – Хамшик ќе продолжи да го носи дресот на Наполи, најверојатно до завршување на сезоната.
Il Calcio Napoli ha deciso di soprassedere alla cessione di Marek Hamsik ai cinesi poiché le modalità di pagamento della cifra pattuita non collimano con gli accordi precedentemente raggiunti #ForzaNapoliSempre
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) February 6, 2019