Не е исклучено Осман Дембеле сепак да остане во Барселона и после крајот на сезоната, пренесува каталонски „Спорт“.
Меѓутоа, клубот нема намера да го моли и очекува тој да го направи првиот чекор и да покрене иницијатива за продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и преговорите за продолжување на соработката пропаднаа. Раководството се сомнева дека тој веќе има договор со друг клуб и сака да си замине како слободен играч.
Според „Спорт“ ситуацијата е поинаква и Дембеле се уште не ја исклучува можноста да го продолжи договорот со Барселона.
Французинот одигра одлично синоќа во Ел Класико, а каталонските медиуми тврдат дека после мечот им рекол на своите соиграчи „останувам“.
𝑺𝒆𝒓 𝒅𝒆𝒍 𝑩𝒂𝒓𝒄̧𝒂 𝒆́𝒔 𝒆𝒍 𝒎𝒊𝒍𝒍𝒐𝒓 𝒒𝒖𝒆 𝒉𝒊 𝒉𝒂 pic.twitter.com/UQeKl7AqC5
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) March 21, 2022