Дома Топ вести Пресврт: Бернардо Силва се сели во Париз

Пресврт: Бернардо Силва се сели во Париз

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е сериозно заинтересиран да го „украде“ Бернардо Силва пред носот на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот сериозно ја разгледува опцијата да го напушти Манчестер Сити после пет години, неговата желба е Барселона, но сега ПСЖ се приклучи во трката за неговиот потпис.

Барселона не може да го реализира трансферот бидејќи не го продаде Де Јонг, а таквата ситуација може да ја искористи ПСЖ.

„Светците“ немаат финансиски проблеми и се спремни да понудат 70 милиони евра плус бонуси за неговиот потпис.

Силва може да игра не неколку позиции и во скоро сите формации, па така не е изненадување што е желба на Чави и Галтие.

Сити за неговата слобода бара најмалку 80 милиони евра, но ПСЖ е сериозен во намерата да го донесе во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…