Дома Фудбал Англија Премиер лигата ќе го менува ВАР процесот

Премиер лигата ќе го менува ВАР процесот

Управата на Премиер лигата работи на отстранување на сите проблеми кои го следеа ВАР минатата сезона.

Бројни судиски одлуки на ВАР минатата сезона беа на осуда на јавноста. Навивачите и гледачите покрај малите екрани беа револтирани поради геометриските анализи до микрометар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Одредени работи во новата сезона ќе се променат. Премиер лигата не може да го следи моделот на УЕФА од Европското првенство кога двојно повеќе арбитри беа вклучени во еден натпревар при анализата на офсајд ситуацијата за да се донесе правилната одлука, а исто така целиот процес беше забрзан. Премиер лигата тоа не може да го исполни затоа што нема неопходни извори на логистика, како ниту доволно квалификувани асистенти кои би учествувале во секој натпревар во едно коло.

Освен тоа, Премиер лигата ќе воведе ниво на толеранција при офсајд одлука, нешто што беше видено на ЕП. Исто така нема да гледаме извлекување на линии како на час по математика, па така на гледачите и навивачите нема да им се прикажува процесот на пронаоѓање на офсајд позицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат фаворитот за освојување на пехарот во Лигата на шампиони

Првите дуели од четвртфиналето на Лигата на шампионите донесоа навистина спектакуларни нат…