Дома Фудбал Англија Премиерлигашите ќе одржат состанок: Се бара промена во ФА Купот

Премиерлигашите ќе одржат состанок: Се бара промена во ФА Купот

Утре членовите на англиската Премиер лига ќе одржат средба после која и официјално ќе се побара промена во форматот на ФА Купот поради густиот распоред на екипите.

Премиерлигашите сакаат да се укинат повторените натпревари, нешто што веќе беше привремено направено во сезоната 2020/2021 која беше најпогодена од коронавирусот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Свесни и клубовите за комерцијалната важност на Лига Купот и токму затоа не бараат негово укинување, па решение се бара во промена во ФА Купот. Сепак и за Лига купот се разгледува можност за редуцирање на натпреварите на екипите од Премиер лигата.

Меѓутоа ФА и Лига Купот не се под капата на Премиер лигата и ако има промени тие треба да бидат одобрени од асоцијацијата. Во Премиер лигата дополнително треба да бидат утврдени и термините за одложените натпревари поради cмртта на Кралицата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Самсунспор вечерва ќе има поддршка во Скопје – навивачите направија шоу во Скопската чаршија! (Фото+Видео)

Екипата на Шкендија вечерва игра против Самсунспор во Конференциската лига, а турскиот тим…