Дома Фудбал Останато Прекинато фудбалското првенство во Кипар

Прекинато фудбалското првенство во Кипар

Фудбалското првенство во Кипар е прекинато поради штрајк на судиите откако беше запален автомобилот на мајката на судијата Манелаос Антониу.

Антониу делеше правда на натпреварот помеѓу Арис Лимасол и Пафос пред тој инцидент да се случи. Во последните три години ова е втор ваков случај во кои се вклучени судии или членови на нивното најтесно семејство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Исто така не е првпат првенството да биде прекинато. Претходно тоа беше случај во 2020 година кога беше пронајдена бомба во автомобилот на еден судија, а во јуни годинава беше фрлаена бомба пред седиштето на Здружението на кипарските судии.

„Фудбалскиот сојуз доби писмо од судиите во кое се вели дека ваквата одлука ја донеле поради континуираните напади на кои се изложени тие и нивните семејства, како и поради тоа што ниту еден случај не е разрешен од надлежните органи. Кипарскиот фудбалски сојуз е длабоко загрижен поради повторените злонамерни дела и терор врз нашите судии“, објавија од Фудбалската федерација на Кипар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…