Пред познати имиња од Македонија и регионот вчера во хотелот „Александар Палас“ беше промовиран документарецот за кариерата на Дарко Панчев под наслов „Патот на Кобра до ѕвездите“.
Филмот е изработен во продукција на „Спортклуб“, „Спортнетворк“ и „Спортското радио 90.3“ под покровителство на Универзиутетот Скопје. Автор на филмот и главен уредник е Александар Станковиќ, а продуцент Радован Максимовиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На промоцијата присуствуваа: Драган Стојковиќ Пикси, Бошко Ѓуровски, Стеван Дика Стојановиќ, Дејан Савиќевиќ, Драгиша Биниќ, Илија Најдоски, Слободан Маровиќ, Горан Стевановиќ, Горан Богдановиќ, Вујадин Станојковиќ, Васил Мујчедовски Васил Рингов, Томче Тајановски, Велибор Џаровски, Владо Камбовски, Томислав Маниќ, Сашко Коцев, првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини, селекторот Благоја Милевски…и уште многу други.
Фото: Muamed Sejdini/FB