Дома Македонски спорт Предраг Самарџиски после пауза од една година има нов клуб

Предраг Самарџиски после пауза од една година има нов клуб

Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец се врати на кошарката после една година пауза во која немаше клуб поради пандемијата со коронавирусот.

34 годишниот Самарџиски ќе игра во турскиот второлигаш Јени Мамак.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Овој тим е релативно непознат за македонската спортска јавност и доаѓа од предградието на Анкара во овој момент е на осмата позиција во втората турска лига со скор 12:10. Тоа е последното место кое води во плеј-офот за пласман во повисок ранг.

Самарџински сезонава нема настап, а во минатата одигра 18 за Самсунспор, кој е клуб исто така од втората турска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…