Ѕвездата на Лион, Мемфис Депај и официјално испрати порака до клупските челници дека сака да биде продаден ова лето.
Најсилен интерес за Депај покажува Барселона, бидејќи Холанѓанецот е голема желба на новиот тренер Роналд Куман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ тврди дека Каталонците веќе започнале преговори со Лион и сакаат што побрзо да го компетираат трансферот.
Барселона е спремна да понуди трампа со Самуел Умтити, кој е на излезна врата од клубот.
Во спротивно Барса е спремна да плати 30 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на Лион бидејќи Депај влегува во последната година од договорот.