Дома Трансфер зона Преговорите во тек: Гаитан се сели во Премиер лигата

Преговорите во тек: Гаитан се сели во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Николас Гаитан може да се пресели во Саутемптон, пренесуваат англиските медиуми.

29-годишниот фудбалер добива многу мала минутажа кај Симеоне, па ќе се обиде да ја „оживее“ кариерата во Премиер лигата.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Гаитан е во потрага по поголема минутажа за да ги зголеми шансите за место во националниот тим на Аргентина за Светското првенство во Русија.

Атлетико и Саутемптон нема да имаат проблем да најдат заеднички јазик за трансферот, но проблем може да претставува неговата плата која изнесува 100.000 фунти неделно.

Како што пренесуваат медиумите Аргентинецот е спремен да прифати и помала плата, само да замине од Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…