Дома Топ вести Преговорите биле напнати: Барса можела да го загуби Фати за „ситни пари“

Преговорите биле напнати: Барса можела да го загуби Фати за „ситни пари“

Не престанува да се пишува за 16 годишното чудо од дете кое блеска на почетокот од сезоната во Барселона.

Барселона на светскиот фудбал изгледа му подари нова голема ѕвезда во името на Ансу Фати, барем така изгледа на почетокот од неговата кариера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тинејџерот Фати го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во Примера каде што неочекувано доби шанса поради повредите во таборот на Барселона. Тој стана најмладиот денитант за каталонскиот гигант и на три натпревари постигна два гола и запиша една асистенција.

Фати кон крајот на минатата сезона потпиша професионален договор со Барселона, но „Мундо Депортиво“ открива дека преговорите биле напнати и малку недостасувало Фати да си замине од клубот.

Имено, клубот и неговиот татко најпрво ги договориле финансиските услови, но откако Фати постигна два гола во полуфиналето од младинската ЛШ против Челзи, тој побарал двојно поголема плата.

Преговорите траеле неколку недели и биле многу напнати, но за среќа на Барса „вундеркиндот“ потпиша професионален договор и остана во клубот. Медиумите сега тврдат дека Барса наскоро ќе му понуди нов договор и неколкукратно зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…