Дома Останати Прв неофицијален собир: Михајловски имаше состанок со Вардарци (ФОТО)

Прв неофицијален собир: Михајловски имаше состанок со Вардарци (ФОТО)

Вардар има големи амбиции и за следната сезона, а ракометарите го имаа првиот неофицијален собира со претседателот на клубот, Михајло Михајловски пред стартот на новите предизвици.

Михајловски им посака успешен старт на ракометарите на Вардар и притоа ги потсети што очекува од нив, а тоа е пласман меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампиони, како и Ф4 во СЕХА-лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Црвено-црните“ првиот меч во Лигата на шампиони го играат на 16 септември на гости кај Мешков Брест.

Да потсетиме, Вардар го напуштија многу ракометари поради финансиски проблеми, но откако клубот го презема Михајловски, беа ангажирани квалитетни засилувања од кои се очекуваат добри резултати следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Tрагедија: Почина поранешен спортски директор и тренер на Вардар!

Руската спортска јавност е во шок по трагичната вест за смртта на легендарниот ракометар и…