Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели патува во Баку на финалето во Лигата на Европа помеѓу Челзи и Арсенал.
Првиот човек на Јувентус како што пишува „Тутомеркато“ сака да направи завршен договор со Маурицио Сари, менаџерот на Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ањели сака лично да разговара со Сари пред клубот од Торино да го претстави како свој нов тренер.
Секако, после враќањето од Баку Ањели би требало да ги реши сите дилеми, а тоа ќе биде разговор со Челзи за евентуалната оштета и раскинување на договорот на Сари и лондонскиот клуб.
Сари од почетокот е во комбинација за наследник на Алегри, но се до вчера кога објавија сите поголеми италијански медиуми не беше прв фаворит. Претходно се споменуваа Гвардиола, Покетино, Михајловиќ…
Во првата сезона во Челзи Сари се избори за место во Лигата на шампионите преку Премиер лигата, а покрај тоа утре ќе се бори за трофејот во Лигата на Европа.