Дома Трансфер зона Прва изјава на новиот напаѓач на Барселона

Прва изјава на новиот напаѓач на Барселона

Mладиот напаѓач Витор Роке пристигна во Барселона и веќе од јануари ќе може да биде на располагање на тренерот Чави Ернандез.

Роке има 18 години и пристигнува од Палмеирас, а Барселона на Атлетико Параненсе за неговиот трансфер плати 40 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес тој пристигна во Барселона и по комплетирањето на медицинските прегледи ја даде и првата изјава како играч на каталонскиот гигант.

„Ова е остварување на мојот сон. Од детството сонував да играм и постигнувам голови за Барселона. Сигурен сум дека ќе можам многу да научам од моите соиграч. Со нетрпение чекам да започнам“, изјави Роке.

Првичниот план на Барселона беше Роке да пристигне на лето, меѓутоа ситуацијата со повредите и неефикасноста во нападот го натераа клубот да реагира порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осумгодишно дете руши рекорди – потпиша договор со „Најк“!

Само осум години и веќе има потпишан договор со „Најк“ – звучи неверојатно, но е вистина. …