Дома Останати Тенис Правилата на Вимблдон го збунија и Надал: Не знав дека можеш да играш и ако си позитивен

Правилата на Вимблдон го збунија и Надал: Не знав дека можеш да играш и ако си позитивен

Oткажувањето на настапот на Матео Беретини и Марин Чилиќ поради ковид-19 внесе немир помеѓу тенисерите на Вимблдон. Со свој коментар за целата ситуација излезе и Рафаел Надал.

Шпанецот беше споменуван како можна „жртва“ поради контактот со Беретини неспоредно пред турнирот, меѓутоа тој без проблеми го совлада Серундоло со 3:1 во првото коло.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Лондон владее и по малку конфузија затоа што и тенисерите не знаат што во одредени ситуации.

„Кога се зборува за вакви чувствителни ситуации лесно може да се создаде недоразбирање. Јас сум информиран дека играчот може сам да реши дали ќе се тестира или не, сепак не знам дали ваквата информација е точна. Одлуката е на играчот, а ако биде позитивен знам дека не може да продолжи“.

„Вие сега ми кажувате дека можеш да продолжиш да играш и ако си позитивен, но не знам и не сакам да навлегувам во тие работи. Во овој момент јас се чувствувма добро и жал ми е за Беретини беше во добра форма и важеше за еден од фаворитите“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…