Ливерпул и Лил започнаа преговори за трансфер на одличниот напаѓач, Никола Пепе.
Како што пишуваат англиските медиуми, „Црвените“ сакаат да го доведат овој 24-годишен фудбалер во своите редови и да започнат преговори со вицешампионот на Франција за неговиот ангажман. Пепе минатата сезона експлодираше во дресот на Лил. Постигна 22 гола и запиша 11 асистенции, а тие бројки не останаа незабележани од страна на големите гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се поврзуваше со многу тимови. Баерн беше најконкурентен, но на крајот цената од 70 милиони евра ги предомисли. Ливерпул се вклучи во трката. Испратија и официјална понуда и Пепе би можел да заврши на „Енфилд“. Прашање е само дали неговото евентуално доаѓање би имало влијание на напаѓачкото трио на Ливерпул. Мане, Салах и Фирмино беа незаменливи и лесно би можело да се случи и Пепе да биде замена за некој од нив.
Меѓутоа, на Ливерпул сега сигурно приоритет му е настапот во Лигата на Шампионите и освојување на трофејот.