Белгискиот фудбалер, Раџа Наинголан повеќе не е член на Ројал Антверпен затоа што двете страни ја прекинаа соработката.
Контроверзниот играч за врска својот последен натпревар за Антверпен го одигра во октомври пред клубот да го суспендира затоа што запали цигара на клупата за резерви во натпреварот со Стандард.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една недела подоцна тој беше уапсен на улиците во Антверпен поради возење без возачка дозвола. Ваквите работи и не се големо изненадување кога во прашање е Наинголан на кого од поодамна фудбалот му е во втор план.
„Имате фудбалери како Лука Модриќ кои со 37 години се во форма, а потоа имаете и оние на кои на 30 години не им се игра. Раџа е помеѓу нив“, наводно биле зборовите на претседателот на Антверпен Пол Гејсенс.