Напаѓачот Влатко Стојановски е оптимист дека Македонија против Романија може да стигне до добар резултат.
Стојановски смета дека после пласманот на Европско првенство сега сите ја гледаат македонската репрезентација со поинакви очи.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Докажавме дека можеме да се надигруваме со сите селекции, во нашата селекција владее одлична атмосфера, по успешните квалификации за ЕП, и затоа сметам дека сме подготвени за претстојните три натпревари во квалификациите за Светско првенство“.
„Кај нас мотивот секогаш е на високо ниво. Без разлика што Романија нема да игра на ЕП, поседува квалитет во својот ростер и сигурен сум дека ќе биде одличен натпревар. По нашиот пласман на ЕП, сега сите репрезентации ќе не гледаат со поинакви очи“, изјави Стојановски.