Дома Топ вести По дебакалот во Ел Класико Перез троши 200 милиони евра на ТРИ засилувања

По дебакалот во Ел Класико Перез троши 200 милиони евра на ТРИ засилувања

Титулата на Реал во Шпанија е загубена, никој сериозен по Ел Класико не верува дека Реал би можел да ја стигне Барселона.

Божиќ е време за анализи, а на сите им е јасен главниот проблем на Реал во овој момент. Се укажува на напаѓачите, посебно Роналдо и Бензема. Овој првиот го покори светот, за Реал даде 422 гола и 416 настапи. И оваа година погодува во Лигата на Шампионите, но во првенството го нема, четири гола, 0,33 по натпревар. Минатата година ова време имаше постигнато 12 гола.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


И Реал, јасно не може ништо, особено поради лошата форма на Бензема, тој во сите натпреварувања даде пет гола, одигра дваесет натпревари. Значи, 0.25, односно секој четврти натпревар ја затресе мрежата. Претседателот на „Кралевите“, Флорентино Перез се реши да троши, подготви 200 милиони евра за три играчи, објави „Diario Gol“.

Првата желба е Мауро Икарди кој веќе некое време се споменува како засилување на Реал, а кој би требало да биде замена за Бензема кој никако да се врати во форма оваа сезона. Одбраната би требало да ја засили Леонардо Бонучи кој беше доведен како големо засилување во Милан од Јувентус, но ниту на него, како и на целата екипа не му оди оваа сезона.

Реал би требало да се засили и на голманската позација, каде што изборот е на голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок на Копа Америка: Судија колабираше на терен! 🎥

Сцената од натпреварот помеѓу Перу и Канада донесе шокантна сцена во која судија колабираш…