Дома Фудбал Останато Почина новинарот за кој Ибрахимовиќ се расплака во емисија 🎥

Почина новинарот за кој Ибрахимовиќ се расплака во емисија 🎥

Холандскиот новинар Тас Слегерс почина на 47-годишна возраст од леукемија.

Веста за смртта на Слагерс ја објави ПСВ каде што од 2015 до 2020 година работеше како потрпарол. Тогаш во таа година му беше откриена акутна леукемија. После долгото и напорно лекување се врати на работата во ПСВ, а докторите на почетокот на година му кажаа дека повеќе не можат да го лекуваат.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тас апелираше луѓето да се регистрираа како дарители на матични станици, иако знаеше дека тој од тоа нема да има корист. Неговото делување се покажа како успешно затоа што од почетокот на година во Холандија се пријавиле над 1.000 луѓе.

Слагерс во февруари разговараше со Златан Ибрахмовиќ, а шведскиот напаѓач се расплака во тој разговор.

„Секогаш ќе се сеќавам моментот кога се запознавме. Тој беше мој единствен пријател во Холандија кога бев изгубен, млад и збунет, мислев дека немам никого. Се појави и ме контактираше, морам да кажам дека во тоа време новинарите не беа мои пријатели. Но, тој одлучи да ми се јави и да го направи тој прв чекор. Се најдовме на ручек и од тој момент станавме многу добри пријатели“.

„Игравме заедно тенис, се дружевме, многу ми помогна. Ми објасни како работите функционираат во Холандија. За Тас пишував во мојата книга и благодарен сум му за се. Секогаш беше во моето срце. Тас единствено што можам да ти кажам сега е те сакам, мој пријателе“, порача тогаш Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…