Светските медиуми објавија дека починал Диксон Ндиема кој беше обвинет дека ја запалил атлетичарката на Уганда, Ребека Чептегеи која почина по неколку дена во болница како последица од тешките изгореници.
Информациите на медиумите беа дека Ндиема ја полил со бензин и ја запалил Чептегеи. Во случајот и тој се здобил со изгореници, по што состојбата му се влошила и починал.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Подоцна полицијата откри дека спорот помеѓу момчето и девојчето започнал многу порано, а атлетичарката констатно добивала закани.
Чептегеи настапи и на Олимписките игри во Париз летово.