Ерасмо Видал (61), татко на контроверзниот чилеански фудбалер Артуро Видал, бил пронајден мpтов во вторникот наутро во коњички клуб во Сантијаго.
Од коњичкиот клуб потврдија дека таткото на играчот го пронашле членови на обезбедувањето на ресторанот на клубот и дека тој починал по срцев удар предизвикан од хиповолемичен шок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашите работници го најдоа и кога сфатија дека не реагира, повикаа брза помош. По пристигнувањето се обиделе да го оживеат, но можеле само да ја потврдат неговата смpт“, открил еден од работниците.
Видал замина за Чиле, но планира да се врати веќе во четврток по наше време и да игра за својот Фламенго на последниот натпревар од Купот на Бразил против Коринтијанс.
Неговиот татко и тој имаа специфична врска и Видал порасна без негово присуство, подоцна се зближија, а преку соработка во коњичкиот клуб работеа на нивната врска, бидејќи и двајцата беа страсни љубители на коњите.