Дома Фудбал Англија Потпис на „Олд Трафорд“: Пресреќен сум што останувам во клуб каков што Манчестер Јунајтед

Потпис на „Олд Трафорд“: Пресреќен сум што останувам во клуб каков што Манчестер Јунајтед

Аргентинскиот дефанзивец Маркус Рохо (27) го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед на уште три години.

Оваа вест „црвените ѓаволи“ ја потврдија на своите официјални страници.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ни претставува задоволство да ви објавиме дека Маркус Рохо го продолжи договорот со 2022 со опција за продолжување на уште една сезона“, гласеше соопштението од клубот.

„Пресреќен сум што останувам во голем клуб како Манчестер. Кога пристигнав целта ми беше да освојувам трофеи, а во тоа и успеавме. Му благодарам на тимот и навивачите на големата поддршка“, изјави Рохо.

Аргентинецот е член на Манчестер Јунајтед 2014 година. Пристигна од Спортинг Лисабон за 20 милиони евра, а во дресот на „ѓаволите“ одигра 105 натпревари и постигна два погодоци.

Покрај Јунајтед и Спортинг, Рохо го носеше дресот на Спартак Москва и аргентински Естудиантес каде што ја започна кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…