Српскиот фудбалер Душан Тадиќ стана најскапо платениот фудбалер во историјата на холандскиот фудбал.
Тадиќ се сели од Саутемптон во Ајакс за сума од 17.1 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одличниот репрезентативец на Србија се враќа во Холандија каде што блескаше во дресот на Гронинген и Твенте, а со клубот од Амстердам ќе потпише договор на четири години.
Главните луѓе на Ајакс, Марк Овермарс и Јерон Слоп отпатуваа во Англија да ја завршат целата работа, а се очекува најдоцна за ден или два трансферот да биде официјалзиран.
29 годишниот играч за врска со тоа ќе го сруши рекордот на Миралем Сулејмани кој исто така премина во Ајакс од Херневен за сума од 16.2 милиони евра пред десет години.
Тадиќ во овој момент е со репрезентацијата на Србија на Мундијалот во Русија.