Дома Останати Кошарка Потврдено: Охриѓанецот Џеди Осман ја напушти НБА – ќе игра во Европа!

Потврдено: Охриѓанецот Џеди Осман ја напушти НБА – ќе игра во Европа!

Tри дена по доведувањето на Еван Фурние од редовите на Олимпијакос објавија уште една „бомба“.

Нов член на тимот кој е актуелен европски шампион е Охриѓанецот Џеди Осман. Во редовите на Панатинаикос тој пристигнува од Сан Антонио Спарс, а во НБА лигата помина седум години.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Доаѓањето на Осман го потврди претседателот на клубот Димитрис Јанакополус.

„Ви посакувам добро утро од три причини. Првата е дека ривалите од Евролигата значително се засилија за новата сезона. Втората е дека одам во Сунио, а за крај дозволете да ви потврдам дека од овој момент Џеди Осман е нов играч на Панатинаикос“, потврди Јанакополус на Инстаграм.

Кошаркарот со потекло од Охрид претходно се поврзуваше со трансфер во Партизан и Анадолу Ефес, меѓутоа Панатинаикос се вклучи во трката во последен момент и успеа да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ со коментар за голем талент: За две години, кога ќе биде во свои најдобри години, јас нема да бидам во НБА…

Никола Јокиќ имаше своја турнеја низ Кина, каде што кинеските медиуми го прашале и за Јанг…