Капитенот на Арсенал, Пер Мертесакер најави заминување од клубот на крајот на сезоната, а можно е да го напушти „Емирати“ уште во јануари.
Мертесакер не е во составот на Арсенал поради повреда, но прашање е колкава минутажа ќе добива кога ќе се вратти бидејќи новиот тандем Мустафи – Кошчелни функционира одлично.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мертесакер има 32 години, сака да игра редовно и самиот потврди дека размислува за промена на средината и е спремен да ги слушне сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса.
„Гледам однапред да себе и моето семејство и спремен сум да ги слушнам сите понуди уште во јануари. Кога ви истекува договорот мора да размислувате дека е можно да ја промените средината“, изјави Мертесакер.
Договорот на Мертесакер истекува на крајот на годината, па Германецот ќе биде слободен да потпише преддоговор со друг клуб уште во јануари.