Дома Трансфер зона Потврдено и второто заминување од Манчестер Јунајтед

Потврдено и второто заминување од Манчестер Јунајтед

Eкипата на Манчестер Јунајтед одлучи да го врати Серхио Регулион во редовите на Тотенхем.

Шпанскиот фудбалер на „Олд Трафорд“ пристигна на позајмица во летниот преоден рок, а и покрај повредите на Тајлер Маласија и Лук Шо не се наигра. Дресот на Јунајтед го носеше на само 14 натпревари на кои вкупно собра 655 минути.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ерик Тен Хаг сега ќе може повторно да смета на Шо и Маласија, како и Далот кој може да ја покрива таа позиција, па така Регулион беше означен како „вишок“.

Пред Регулион, Манчестер Јунајтед го напушти и Дони Ван Де Бек кој замина на позајмица во германски Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…