Златан Ибрахимовиќ е главна тема на Апенините, откако најави дека ќе се врати во Италија.
Договорот на голгетерот со ЛА Галакси заврши, па тој сигурно ќе се врати во Европа, а самиот потврди дека Италија е негов прв избор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи, Милан и Болоња беа во прв план за неговиот потпис, но засега нема никакви официјални информации дека некој од тие екипи го контактирал.
Прв човек кој му понудил договор на Ибрахимовиќ е Адријано Галијани, директор на третолигашот Монца.
„Берлускони ми даде дозвола, па јас го контактирав Мино Раиола. Тој ми даде совет да го контактирам Ибра директно. Му понудив договор на две ипол години“, вели Галијани