Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба заработи нова повреда и ќе отсуствува од терените две до три недели.
Погба се повреди на вчерашниот натпревар против Кремонезе. За првпат Французинот сезонава доби шанса од првата минута, но мораше да го напушти теренот по 24 минути игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Утрово помина прегледи во медицинскиот центар во Торино и беше потврдено дека станува збор за повреда на левиот бутен мускул, објави Јувентус. За ваквите повреди потребна е пауза од 15-20 дена.
Бидејќи сезоната во Италија завршува на 4-ти јуни јасно е дека сезоната за Французинот е завршена и сега ќе треба максимално да се посвети на опоравувањето и летниот преоден рок во кој ќе се подготвува за наредната.
Погба никако не успева да врзе подолг период без да биде повреден, па навивачите веќе почнуваат да се сомневаат дека тој никогаш нема да може да биде играчот од минатото.