Нема време за губење, младиот голман на Бенфика е во плановите на сениорската репрезентација.
Репрезентацијата на Србија има сериозни планови со талентираниот Миле Свилар, а ова беше потврдено и од страна на членот на стручниот на репрезентацијата, Зоран Филиповиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Свилар е интересен за нас. Тој е голман за во иднина, но и за сегашноста. Многу е талентиран и мислам дека би бил одлично засилување за нашата репрезентација. Ако продолжи вака да напредува сигруно дека ќе сметаме на него и за Мундијалот во Русија. Имам намера наскоро да го посетам во Португалија и да разговарам со него. Знаеме дека немаме време за губење“, изјави Филиповиќ.
Свилар пред неколку дена стана најмладиот голман кој бранел во Лигата на шампионите кога застана на голот на Бенфика во натпреварот против Манчестер Јунајтед.