Фудбалеро на Ал Најом, клуб од Саудиска Арабија, во средата го привлече вниманието на тамошните, а потоа и на светските медиуми поради прослава на гол.
Имено, тој откако неговата екипа постигна гол, на клупата го прослави голот исто како што го прави и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Оваа форма на прослава е строго забранета во Саудиска Арабија, бидејќи Националниот одбор за сузбивање на дрога на инцијатива на владата за решавање на зависноста за дрогите донесе одлука дека тој проект сугерира шмркање дрога.
Играчот се уште не е казнет, меѓутоа, санкциите може да се очекуваат со оглед на тоа што минатата година еден пејач беше уапсен, откако на социјалните мрежи се појави снимка од неговиот „даб“ за време на концертот.