Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид и наредната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Актуелниот договор на Модриќ со Реал е со важност до јуни 2021 година, а двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
35-годишниот фудбалер е исклучително важен дел од тимот на Зидан, но исто така има големо влијание во соблекувалната.
Модриќ ги прифатил условите на Реал Мадрид и се согласил за значително намалување на платата.
Хрватот моментално заработува 12 милиони евра по сезона, а новиот договор не е ни приближно до оваа сума.