Дома Трансфер зона Постигнат договор: Миленковиќ наредната сезона ќе игра во Премиер лигата

Постигнат договор: Миленковиќ наредната сезона ќе игра во Премиер лигата

Како што стојат работите, српскиот дефанзивец, Никола Миленковиќ кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига.

Фиорентина според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрцио Романо ја прифатила понудата од 14 милиони евра од Нотингем Форест.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Романо додава и дека клубовите ги договораат деталите по што Миленковиќ ќе ги помине лекарските прегледи.

Српскиот дефанизвец седум години го носи дресот на Фиорентина и во последните се истакна како еден од најценетите дефанзивци во Италија. За Фиорентина вкупно одигра 264 натпревари во кои постигна 17 голови и запиша пет асистенции.

Клубот од Фиренца го доведе од Партизан во 2017 година за 5.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…