Дома Топ вести Постигнат договор: Маунт се сели на „Олд Трафорд“

Постигнат договор: Маунт се сели на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Челзи после долги преговори конечно постигнаа договор за трансфер на Мејсо Маунт.

„Црвените ѓаволи“ за потписот на Англичанецот ќе платат 60 милиони фунти, а Маунт ќе биде првото големо засилување за Тен Хаг.

24-годишниот играч за врска ги прекина преговорите со Челзи за продолжување на соработката и побара трансфер, а набрзо потоа се договори со Манчестер Јунајтед.

Челзи ја одби првата понуда од „црвените ѓаволи“ од 50 милиони фунти, но Јунајтед не се откажа и продолжи со преговорите.

Медиумите на Островот потврдија дека двата клуба постигнале договор за трансфер тежок 60 милиони фунти, а Маунт утре треба да пристиге на лекарски прегледи во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…