Дома Трансфер зона Постигнат договор: Ди Марија останува во ПСЖ

Постигнат договор: Ди Марија останува во ПСЖ

Ден после елиминацијата на Барселона од Лигата на шампиони, Пари Сент Жермен постигна договор со Анхел ди Марија.

Договорот на искусниот Аргентинец истекува на крајот на сезоната, но Ди Марија се согласил да ја продолжи соработката со „светците“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој наскоро ќе стави потпис на нов договор до јуни 2022 година, кога ќе има 35 години, бидејќи е постигнат комплетен договор.

Неколку европски гиганти покажаа интерес за Ди Марија, но ПСЖ не сака да го пушти бидејќи е важен играч во тимот на Покетино.

Аргентинецот пристигна од Манчестер Јунајтед и ја игра шестата сезона во ПСЖ каде до сега освои 16 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…