Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Дибала останува верен на „старата дама“

Постигнат договор: Дибала останува верен на „старата дама“

Пауло Дибала и раководството на Јувентус се договорија за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Торино и преминување во Премиер лигата или ПСЖ, меѓутоа на крајот остана во Јувентус и не погреши. Дибала сезонава е еден од најдобрите поединци на „старата дама“ и сега клубот сака да го награди.

Поточно, Јувентус и Дибала, наводно постигнале договор со кој Аргентинецот би се обврзал на верност со „старата дама“ до 2025 година.

Аргентинецот моментално заработува 7 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добива 11 милиони евра годишно и ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…