Џуд Белингам пристигна во Германија на лекарски прегледи после што ќе потпише договор со Борусија Дортмунд каде што пристигнува од Бирмингем Сити.
Иако овој 17 годишен фудбалер се уште не потпишал професионален договор со Бирмингем, „Скај Спорт“ пренесува дека англискиот клуб за него ќе добие 26 милиони фунти.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Дортмунд за потписот на овој тинејџер се бореше со Челзи, Реал Мадрид, Баерн и Манчестер Јунајтед.
Белингам до сега настапуваше за селекцијата на Англија до 17 години, а наводно ја избрал Борусија Дортмунд затоа што станува збор за клуб кој им дава шанса на младите играчи. Тој во Бирмингем ќе остане до крајот на сезоната после што ќе се пресели во Дортмунд.
Играјќи за првиот тим на Бирмингем покажа дека може да се носи со предизвиците на сениорско ниво. За него се 39 настапи во англискиот Чемпионшип оваа сезона, постигна четири гола и подели три асистенции.