Големиот Џиџи веќе го прогласи како еден од најдобрите избори за негов наследник.
Трансферот на Војчех Шчесни, голманот на Арсенал кој изминатите две сезони настапуваше како позајмен фудбалер во тимот на Рома, во Јувентус изгледаше како завршена работа.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Но, Јуве на Арсенал за услугите на полскиот голман кој е во најдобрите години од кариерата и брани во одлична форма понуди премногу мала сума. „Старата дама“ понуди само полвина од бараните 15 милиони, па „Топџиите“ ова го сфатија како навреда и веднаш ги прекинаа преговорите.
Италијанските медиуми сега пренесуваат дека истиот момент во трката за Шчесни се вклучил големиот ривал на Јувентус, екипата на Интер. „Нероаѕурите“ на англискиот клуб се спремни да му ги исплатат споменатите 15 милиони.
Интер има уште една голмеа предност, одличниот голман веднаш би добил статус на прв голман, додека доколку премине во Јувентус, една сезона би требало да помине на клупата за резерви, па дури следната да го наследи незамениливиот Џиџи Буфон.