Дома Фудбал Италија После повредата на Санчез нови лоши вести за Конте

После повредата на Санчез нови лоши вести за Конте

Во текот на викендот се повреди Алексис Санчез. Тој во пријателскиот дуел помеѓу Чиле и Колумбија заработи повреда која ќе го одалечи од терените три месеци.

Санчез ги повреди лигаментите на скочниот зглоб, а сега пристигнаа нови лоши вести за тренерот на Интер, Антонио Конте.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, десниот бек Данило Д’Амбросио во саботата, во победата на Италија над Грција заработи повреда поради која ќе паузира нешто подолго.

Интер на својата официјална страница соопшти дека Д’Амбросио заработил фрактура на прст на десното стапало, а дополнителни проценки ќе бидат направени следната недела.

За сега не е јасно колку ќе отсуствува од екипата овој 31-годишен дефанзивец, но сигурно е дека ќе го пропушти натпреварот против Сасуоло следниот викенд, а многу веројатно и дуелот против Дортмунд во ЛШ.

Д’Амбросио оваа сезона запиша осум настапи за Интер, а постигна и еден гол – против Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави го чека жестока казна, го пропушта натпреварот на сезоната?

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез би можел да добие суспензија од два до три натпревари…