Неверојатниот Денвер во седмиот натпреварот од полуфиналето на Западната Конференција победија Клиперси со 104:89 и така станаа првата франшиза во историјата која успеала да се врати од 1:3.
Одлични беа Џамал Мареј со 40 поени и незапирливиот Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции. Најголемите ѕвезди на Клиперси, Ленард и Пол Џорџ постигнаа вкупно 24 поени (Ленард 14, Џорџ 10).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Соработката помеѓу Јокиќ и Мареј беше фантастична. Јокиќ повторно покажа дека е најдобар центар додавач во историјата на НБА. Беше фантастичен. Ги навлекуваше играчите на себе, со неверојатни топки ги пронаоѓаше соиграчите и погодуваше кога беше потребно. Му асистираше на Мареј за тројка со која Наџентси поведоа 98:80 и на минута ипол пред крајот стана јасно дека Наџентси втор пат ќе излезат како победници во серијата со пресврт од 1:3. Не можете повеќе да ги игнорирате Наџентси. Тие се сериозни“, пишуваа американските медиуми.