Дома Фудбал Италија После Мекени нова повреда во Јувентус

После Мекени нова повреда во Јувентус

Нема крај на лошите вести со повреди за тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Американецот Вестон Мекени се повреди на вчерашниот натпревар против Виљареал и веројатно ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната. Денес за „старата дама“ пристигнаа нови лоши вести.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, засилувањето Кајо Жорге кој пристигна во Јувентус како голем потенцијал се повредил во настап за У23 тимот на Јувентус. Според првичните најави Жорге заработил повреда на коленото и првите најави се дека ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

Алегри не сметаше на него премногу и му даде мала минутажа во Серија А, додека во Лигата на шампионите не беше пријавен за настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …